Противникот на Вардар остана без десниот бек: Фленсбург го загуби Цемпер до крајот на сезоната

Фленсбург во последниот натпревар од Лигата на шампионите славеше над ПИК Сегед, но за тој триумф плати висока цена.

Слично како што Веспрем го загуби Расмус Лауге на долг период, така и бундеслигашот го загуби десниот бек Франц Цемпер.

23-годишниот Цемпер, кој дојде како замена за Гландорф на почетокот на сезонава, ги скина предните вркстени лигаменти на коленото.

Тоа значи дека ќе паузира најмалку шест месеци и за него веројатно сезоната е завршена. Ривалот на Вардар во ЛШ сега останува само со Норвежанецот Род на десната страна.

Ова е проблем и за селекторот на Германија, Алфред Гисласон, кој останува без еден десен бек пред Светското првенство во Египет.