Пролет убедливо ја доби контролата со Скопје

Тимот на  Пролет забележа победа со десет гола разлика, 38-28, на гостувањето против градскиот ривал Скопје, во првиот контролен натпревар пред стартот на новата сезона.

Победата на Пролет беше најавена уште по првиот дел, кога момците на Алексо Лембанов поведоа со 19-12.

Двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари, но Пролет целосно го контролираше резултатот.

Тимот на Пролет следните контролни натпревари ќе ги игра на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, каде ќе се сретне со Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс и со финскиот прволигаш Кокс.