Пролет подобар од Тиквеш во единствената контрола пред стартот на Суперлигата

Тимот на Пролет забележа победа од 30-23 над Тиквеш, во првиот и единствен подготвителен натпревар што избраниците на тренерот Лембанов го одиграа во овој подготвителен период во пресрет на вториот дел од сезоната.

Пролет на овој меч настапи без Пецаковски и без Пејовиќ, а во таборот на Тиквеш недостигаше пивотот Стефановиќ, но избраниците на Лембанов беа на висина на задачата, го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата.

Скопскиот клуб беше подобар во текот на целиот натпревар, а ефикасниот напад беше причина на одмор да се замине со водство од 16-13.

Лембанов има од што да биде задоволен бидејќи во вторите 30 минути профункционира и одбраната, гостите од Кавадарци постигнаа само десет гола за цело полувреме, па Пролет го доби овој меч со убедливи седум гола позитива.

Наредната среда почнува пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.