Пролет не дозволи изненадување против Радовиш

Тимот на Пролет ја забележа седмата победа оваа сезона во Суперлигата, откако славеше на домашен терен против составот на Радовиш со 34-29.

Гостите одржуваа резултатска рамнотежа во првиот дел, но попуштија со концентрацијата во финишот на полувремето и Пролет обезбеди место плус пет, 17-12. Сепак радовишани се вратија во игра и намалија на минус два, 18-16. Аларов стрелаше за 19-16 на пауза.

Во второто полувреме Радовиш ја искористи опуштеноста на домаќините и во еден момент се доближи и на минус еден, 21-20. Избраниците на Мијалов немаа сили за комплетен камбек, Пролет погоди за 23-20 и веќе немаше назад.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа репрезентативци Аларов со шест и Џонов со пет погодоци, додека кај Радовиш се истакнаа Вјештица со девет и Постолов со осум гола.