ПРОЕКТИЛОТ на Лазаров меѓу најубавите погодоци на колото во Лигата на Европа (ВИДЕО)

По поразот од Лемго и победата во Финска, ракометарите на Нант ја запишаа и втората победа во три кола на групната фаза на Лигата на Европа, прва на домашен терен.

Екипата на Кире Лазаров ја доби пресметката со ГОГ Гудме од Данска со 27:24. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со четири гола од девет обиди.

Еден од тие погоди на легендарниот десен бек си најде место меѓу најатрактивните ТОП 5 голови на колото во Лигата на Европа.