Пријателски натпревари: Мешков убедлив, Нексе покажа слабост, Загреб без проблем со Горица

Пред стартот на новата сезона насекаде се играат пријателски натпревари, а со оглед на долгата пауза тие се многу побројни од вообичаено.

Белорускиот првак Мешков Брест со комбиниран состав на Раул Алонсо, лесно излезе на крај со Гродно и славеше 37-21. Во Мешков се истакнаа Санталов и Вергејчик со по седум погодоци.

Нексе Нашице по поразот од Целје, загуби и од унгарскиот Чурго со убедливи 28-22 и покажа многу слабости во нападот во вториот, па тренерот Хрвоје Хорват ќе има што да им каже на неговите избраници. Во унгарскиот состав најдобар стрелец беше Антонио Ковачевиќ со пет голови.

Загреб откако вчера славеше минимално над Тримо Требње, денеска оствари убедлива победа над локалниот ривал Горица со 31-24. Вори само во првиот дел ги форсираше најдобрите, а во второто полувреме шанса добија играчите од клупата. Пет голови за Загреб даде Чавар, а четири пати стрелаше Божиќ Павлетиќ.

Мотор Запорожје оствари убедлив триумф над незгодниот состав на СКА Минск со 35-21, додека Егер го победи Кечкемет со 32-28. Норвешкиот Сандефјорд се радуваше против Нотерој на убедлива победа 32-26.