Прилеп водеше со пет голови, но на крајот се спасуваше против Вардар Неготино

Ракометарите на Прилеп го потврдија место во плеј-офот на Првата лига на две кола до крајот на регуларниот дел од групата 1.

Прилепчани славеа против Вардар Неготино со минимални 33-32, во натпревар во кој во финишот имаа предност од пет голови, 30-25, но мораа да се спасуваат.

Неготинци израмнија на 30-30, потоа се играше гол за гол, но домашните го имаа последниот удар и погодија за триумф.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Пајкоски и Христи Бикоски со по осум погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Ратко Вељанов со 11 и кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Ташев со осум голови.

Момците на Адријано Котевски имаат  33 бодови на втората позиција и се сигурни за своето место во разигрувањето за Суперлигата.