Прилепчани веќе три седмици тренираат, амбициите се камбек во Супер лига

Ракометарите на Прилеп веќе три седмици активно работат на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата лига, во која ќе бидат дел од плеј-офот и ќе имаат шанса да разигруваат за место во елитата.

Составот е во голем дел истиот од првиот дел, освен Ташев и Кузманов кои се вратија во Вардар Неготино, и Ѓорѓиев кој се пресели во Аеродром. На нивно место во првиот ростер се префрлени тројца ракометари од кадетскиот состав.

Сепак и покрај тоа прилепчани предводени од тренерот Адријано Котевски, ќе бидат едни од главните фаворити за влез во Супер лигата. Прилепчани веќе одиграа еден пријателски натпревар против Струга, а утре ги чека уште еден против Радовиш на домашен терен.

Тренерот Котевски во меѓувреме ја доби наградата за најдобар тренер во млади категории на „Спортска вечер“ во Прилеп, манифестација која се одржа по пауза од 11 години