Признание за одличните игри – Митков номиниран за Ол-стар тимот во Австрија

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Влатко Митков кој настапува во првенството на Австрија е номиниран во потесниот избор за Ол-стар тимот на првенството.

Македонскиот интернационалец сезонава игра во одлична форма и потврдува дека годините не се пречка. Митков во досегашниот тек на првенството постигна 140 голови за својот Брегенц или во просек 5,83 по натпревар што е одличен учинок.

Управата на австриската лига ги објави сите кандидати за Ол-стар тимот, на секоја позиција по тројца ракометари за кои може да се гласа.

Гласањето се одвива преку смс пораки и апликацијата на лигата, а исто така и тренерите на екипите ќе учествуваат во изборот. Доколку сакате да гласате за Митков, сите детали ги имате ТУКА.