Признание за Македонецот – Кузмановски пак во тимот на колото во Бундес лигата! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра фантастичен натпревар во 29 коло од Бундес лигата и заслужено доби место во тимот на колото.

Тимот на Хановер, најмногу по заслуги на Македонецот, славеше на гостински терен кај Мелсунген со 22-29.

Кузмановски има индекс на корисност 90, а на дуелот со Мелсунген стрелаше шест пати, но имаше и шест асистенции до соиграчите.

Ова е вторпат во три кола, Кузмановски да добие место во најдобрата седморка и се најде во одбрано друштво со Мелер, Екберг, Рајнкинд, Колбахер…