Преноси од Светското првенство во Египет и во Македонија

Натпреварите од Светското првенство кое почнува на 13 јануари ќе можат да се следат и во Македонија и тоа на националниот телевизиски сервис.

Македонската телевизија ги има правата за преноси од Мундијалот така што од 13 до 31 јануари ќе може да се следат средбите на овој шампионат.

Ова е убава вест за сите вљубеници во ракометот бидејќи ќе може одново да се ужива во убавините на ракометната игра. Останува уште да се види дали ќе биде и Македонија на овој шампионат.

Доколку Македонија добие можност за да игра на првенството ќе биде уште поинтересно така што ќе може да се ужива уште повеќе во шампионатот кој ќе биде организиран во посебни услови.

Деновиве ќе биде познато и кои натпревари ќе може да се следат и колку дуели дневно така што навреме ќе бидете информирани за секој ден за она што ќе може да се гледа на МТВ.