Прво, па машко за екс вардарецот: Милосављев најдобар голман во деби сезоната во Бундес лигата!

Иако не беше на голот на Фуксе Берлин во вториот дел од скратената сезона во Бундес лигата, сепак поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев, заврши на првото место кај голманите по процентот на одбранети удари.

Србинот имаше 35,5% одбранети удари на противничките ракометари, на второто место е Никлас Ландин од Кил со 35,4%, а на трето место се најде членот на Вецлар, Тибор Иванишевиќ со 33,6%.

Според бројот на одбранети удари најуспешен е Јоханес Битер од Штутгарт, втор е Јаник Грин од Магдебург, а трет Никлас Ландин од Кил.

Минатата сезона Милосављев ја освои европската шампионска титула со Вардар и беше избран за најдобар голман во ЛШ.