Прволигашите со богата пролет, прво на Куп во февруари, па првенство во март

Пролетниот дел од сезоната во Првата машка лига стартува на 7 и 8 март кога треба да се одигра претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната, а веќе следниот викенд треба да финишира оваа фаза така што на средината од март ќе биде познато како ќе се влезе во вториот период од сезоната.

Пауза нема да има односно веќе на 21 и 22 март ќе почне плеј-офот во кој влегуваат тимовите кои ќе финишираат од 1. до 4. место во двете групи, а веќе се знаат седум од екипите кои ќе влезат во трката за пласман во Супер лигата и во баражот.

Ќе има неколку среди во календарот на натпреварување. Во зависност од Ф4 турнирот во Купот на Македонија. Сезоната ќе финишира на 30 и 31 мај или 6 и 7 јуни. Од тоа ќе зависи и баражот, за Супер лига. Терминот за бараж е 12/13 јуни, но тоа ќе зависи од финишот на делот од групната фаза.

Инаку, покрај плеј-оф лигата во која ќе играат тимовите кои ќе финишираат од 1. до 4. место ќе има и лига во која ќе учествуваат тимовите од 5. до 7. место. Ќе има и трета лига во која ќе играат само три екипи бидејќи пред почетокот на сезоната два тима се повлекоа. Таму се оние тимови кои во овие лиги кои сега се актуелни ќе завршат на 8. и 9. позиција.