Почина поранешен претседател и директор на Пелистер

Поранешниот претседател на Еурофарм Работник (подоцна Еурофарм Пелистер), децениски директор на Пелистер во деведесеттите години од минатиот век и еден од најголемите ракометни вљубеници во Битола и Македонија, Благоја Стефановски-Баге почина денес на 67-годишна возраст.

Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Заедно со Силјан Мицевски се наоѓаше во раководечкиот тим кој ги оствари најголемите успеси во ракометниот спорт во Битола. Има немерливи заслуги уште во југословенската лига, како директор дел е од скоро сите титули во македонското првенство, трофеите од националниот Куп, полуфиналето на Купот на националните Куп победници…

Неговото враќање во ракометот се поклопува со никнувањето на Еурофарм Работник. Како еден од иницијаторите, заедно со Марковски, Зарков и Мицевски, почнува проект во кој ја изршува улогата претседател.

Видливи беа прогресивните успеси на клубот, кој денес е репрезент на македонскиот ракомет во Европа, одлично организиран и силно амбициозен. Се повлече пред неколку години од здравствени причини. Во клубот беше кога минуваа најголемите ѕвезди на македонскиот и европскиот ракомет: Манасков, Маринковиќ, Марковски, Лазаров, Алушовски, Јусуфовски….