ПОСЛЕДЕН ТАНЦ НА „БАЛЕРИНАТА“: 7.000 навивачи, вардарци, другарите…го испратија Стоилов во репрезентативна пензија (ФОТО)

Македонската репрезентација од октомври кога ќе почнат квалификациите за ЕП 2024 ќе има нов капитен.

Тоа ќе се случи бидејќи Лазаров најави дека ќе се повлече од терените, а Стоилов ја најави репрензентативната пензија.

Легендарниот пивот на Вардар, кој од СП 2009 редовно играше на големите натпреварувања со Македонија ќе се посвети само на клупските обврски во иднина.

„The last dance“ на „балерината“ со големина на мечка (како што во 2015 година беше наречен Стоилов од Том О’Бранаган) во националниот тим беше поздравен од 7.000 гледачи во СЦ „Борис Трајковски“.

Меѓу нив беа и вардарците Тимур Дибиров и Анте Гаџа, како и голем дел од другарите на легендарниот Стоилов…