Порто ја најде замената за Кинтана – Митревски добива соиграч од Веспрем!

Откако португалскиот првак Порто остана без Алфредо Кинтана, кој по срцевиот удар не ја доби најважната животна битка, почна потрагата за негова замена.

Се чини дека замената е пронајдена во Веспрем, пишува португалскиот „Рекорд“. Унгарскиот репрезентативец Мартон Шекељ би требало да се пресели во Порто и да формира дуо со Никола Митревски.

Шекељ не добива многу шанса покрај одличните Владимир Цупара и Родриго Коралес, па трансферот во Порто сигурно е добра прилика да покаже колку може.

Унгарскиот чувар на мрежата има 31 година, пред Веспрем беше член на ПЛЕР, Татабања, Балатофуреди и Чурго, а траснферот во Порто би бил прв за него во странство.