Порано играше во женска екипа, го смени полот и сега игра во машка!

Луи Санд е 28 годишен ракометар кој после пауза заради промена на полот повторно е на терените. Тој сега е дел од екипата Кара и веќе започна со тренинзи во новиот клуб.

Во јануари 2019 година, Санд одлучи да стави крај на успешната кариера во женската репрезентација и настапите во француски Флери. Во следниот период Санд имаше оперерации за промена на полот.

Освен чувството дека е роден во погрешно тело, Санд во периодот за промена на полот имаше предавања како е да се биде црнец, геј и трансексуалец во Шведска. После промената на полот, желбата на Санд за ракомет повторно била голема и тој се врати на тренинзите во екипата на Кара.

„Момците од тимот, играчите и тренерите ме пречекаа фантастично. Јас навистина се чувствувам како нормално момче во екипата. Тоа е прекрасно. Сценариото од соништаа е да постигнам гол во надобрата лига на Шведска. Ова е неверојатен предизвик и можам да кажам дека сум единствениот транс фраер во светот кој го прави ова“, изјави Санд за шведските медиуми.

На Санд му претстои тежок период на прилагодување на машкиот ракоемет, но во секој случај не би требало да има проблеми бидејќи има искуство во женска конкуренција.