Поранешна светска шампионка на првата борбена линија против коронавирусот (ФОТО)

Светската шампионка со репрезентацијата на Франција од 2003 година и сегашен помошник тренер во нисколигашот Сен Аман – Мелинда Жак-Сабо, работи во клиниката за детски болести и повреди во Лил, а сега се наоѓа и на првата линија во борба против коронавирусот.

Од фотографиите кои ги објавија француските медиуми може да се види Сабо во полна заштитна опрема на своето работно место. Таа спортската кариера ја заврши во 2004 година и од тогаш работи во медицината.

„Ние се грижиме за деца на возраст од еден месец до 16 години кои се жртви на несреќи. Тука сме да ги спасиме нивните животи, но некогаш имаме тешки денови. Мора да бидеме психички силни, но нема да лажам дека никогаш не плачеме. Изминатиов период сè се сврте наопаку сега се подготвуваме и примаме возрасни пациенти. Ослбодивме места за заболените од коронавирусот, но исто така мора да продолжиме да се грижиме и за децата, и додека се дома се случуваат несреќи“, изјави Жак-Сабо за француските медиуми.

Таа додава и дека искуството со справување со ситуации под притисок во спортот можат да бидат од корист во борбата против вирусот и во најтешките моменти. И уште еднаш како медицинско лице кое секој ден гледа од близу што се случува порача сите да останат дома за побрзо да се справиме со пандемијата.