Поранешен тренер на Вардар со нов романски предизвик

Поранешниот стратег на европскиот шампион Вардар, Перо Милошевиќ, по шест години на клупата на Политехника Темишвар, ќе води друг романски клуб.

Откако Темишвар се соочи со финансиски проблеми, црногорскиот стратег се реши да потпише договор на две сезони со амбициозниот тим на Бузау.

Милошевиќ има огромно искуство, беше предводник на Будуќност и Ловќен, Вардар го водеше во сезоната 2010/2011, а беше и селектор на Катар и на младинската селекција на Југославија.

„Ми се допаѓа новиот проект на Бузау и ќе се обидам да во вратам клубот во Европа. Бев овде како играч на Металопластика и знам колку е фантастична публиката“, изјави Милошевиќ.