Поранешен ракометар на Охрид и Пелистер има трет клуб оваа сезона

Поранешниот среден бек на македонски суперлигаши Охрид и Пелистер, Марко Кобетиќ, пред само два месеци премина во словенечкиот Марибор, но неговиот агажман траеше многу кратко.

Зимскиот преоден рок Кобетиќ го искористи да најде нова средина. До крајот на сезоната Хрватот ќе игра во првенствотот на Австрија во екипата Барнбах Кофлах, екипа предводена од хрватскиот стручњак Владимир Вујовиќ, што своевремено беше дел од ЖРК Вардар.

Есенската полусезона Кобетиќ ја мина во хрватскиот прволигаш Дубровник, а освен во Македонија играше и за хрватските Сисција Сисак и Пореч, како и францускиот Монтелимар.