Поранешен ракометар на Бутел почина на 40 години!

По подолго и тешко боледување на 40-годишна возраст почина рускиот десен бек Алексеј Григорјев, пишува „Брз Центар“.

Тој е поранешен ракометар на Бутел Скопје, каде што играше во сезоната 2018/19, која беше дебитантска за бутелци во Супер лигата.

Григорјев потекнува од школата на Динамо Астрахан, а во Русија освен за Динамо настапуваше и за Нева Санкт Петербург.

Надвор од татковината освен за Бутел Скопје играше за унгарскиот Балатонфуреди, белорускиот Мешков Брест, украинскиот Мотор Запорожје…

По завршувањето на спортската кариера пред три сезони Григорјев живееше во Брест и се занимаваше со приватен бизнис и немаше конекции со ракометот.