Поранешен бомбардер на Вардар и Металург потпиша за Тримо Требње!

Некогашниот српски репрезентативец и член на Вардар и Металург, Милош Драгаш, по долго време замина од Романија.

Левиот бек кој се одликува со силниот шут од далечина е нов член на словенечкиот Тримо Требње, тим што ќе игра квалификации за Лигата на Европа.

33-годишниот Драгаш потекнува од Прибој, а откако остави одличен впечаток во Металопластика Шабац дојде во Скопје во Вардар во сезоната 2012/13.

Со Вардар играше во Лигата на шампионите и во ЕХФ Купот, а потоа се врати во тимот на Металопластика.

Следуваше трансфер во Металург, а во Автокоманда играше во сезоната 2016/17. Потоа пет сезони мина во Романија во тимовите на Темишвар и Потаиса Турда.