Новинар колабираше, финалето на ЛШ беше прекинато дваесетина минути!

Финалето на Лигата на шампионите меѓу Келце и Магдебург во „Ланксес Арена“ во германскиот град Келн беше во прекин дваесетина минути.

На еден од новинарите што беа присутни на трибините му се слоши, според информациите од теренот, веројатно се работи за проблеми со срцето.

Лекарските екипи веднаш реагираа, и натпреварот мораше да биде прекинат додека ситуацијата не се врати во нормала. Се уште нема официјални информации каква е состојбата на нашиот колега.

До моментот на прекинот, полскиот шампион Келце води со 22-20.