Поповски со перфектно отворање на новата сезона во Швајцарија

Мартин Поповски со својот тим Цирих имаше одличен натпревар во првото коло од првенството на Швајцарија и на гостувањето кај Базел обезбеди бодови после победата од 30:28.

Македонскиот интернационалец кој настапува на позицијата десно крило беше перфектен на овој натпревар постигнувајќи пет гола од пет обиди, од кои четири беа од седмерец.

Базел добро го започна натпреварот и поведе со 4:0, сепак Цирих до крајот на првото полувреме направи пресврт и на пауза замина со два позитива, 16:14. Во продолжение домашниот тим повторно беше во водство сè до 50. минута, но во финишот Цирих стигна до победата.

Во второто коло Мартин Поповски и Цирих повторно ќе играат на гостински терен, а ќе се обидат да стигнат до втора победа кај екипата на Женева.