Поповски се врати на теренот, Цирих елиминиран од Кадетен Шафхаузен

Екипата на Цирих каде што настапува десното крило Мартин Поповски го заврши настапот во домашното првенство откако загуби и во третиот меч од Кадетен Шафхаузен со 28:21 во полуфиналето од плеј-офот во Швајцарија.

Мартин Поповски по неколку натпревари пауза, се врати на терените и беше стрелец на два погодоци на овој натпервар, а имаше и две исклучувања од по две минути.

Кадетен имаше целосна контрола на натпреварот, на полувреме водеше 15:12 а до крај рутински ја потврди победата и пласманот во финалето од плеј-офот. Цирих во серијата загуби со 3:0 и немаше шанси за изнедаување и пласман во финалето.

Во второто полуфинале играат Винтертур и Тун, а во овој дуел предност има Винтретур од 2:1 и е на чекор до пласман во финалето и борба за шампионската титула.