Поповски и Цирих го грабнаа трофејот во Купот на Швајцарија

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, е освојувач на трофејот во Купот на Швајцарија.

Амичитија Цирих славеше во финалето на ова натпреварување против Фади Винтертур со 30-28 по продолженија.

Во регуларниот дел беше 25-25, откако Амичитија израмни во последната минута, па мораа да се играат продолженија.

Македонскиот репрезентативец Поповски не беше во ростерот на овој дуел, но има големи заслуги за пласманот на Цирих во финалето на ова натпреварување.