Поповски игра во одлична форма, Цирих ја запиша првата победа!

По ремито кај Кадетен и поразот од Фади Винтертур, екипата на Амичитија Цирих ја забележа првата победа во швајцарскиот шампионат.

Тимот каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски славеше дома против ТВ Сур Арау со 31-27.

Најдобар стрелец на терен беше десното крило од Македонија со седум погодоци од осум обиди кон гостинскиот гол.

Свој придонес во триумфот со исто толку голови имаа Хрватот Анте Калеб и Словенецот Јануш Лапајне, кој своевремено играше за Металург.

Цирих и Поповски во следното коло од швајцарското првенство ќе му гостуваат на незгодниот Вакер Тун.