Поместен стартот на Првата лига, ждрепката ќе се одржи во вторник

Новата сезона во Првата лига, која се очекува да биде многу интересна, ќе стартува подоцна од предвидениот термин.

Наместо викендот на 11/12 септември, стартот на возбудувањата во оваа конкуренција ќе биде една недела покасно, на 18/19 септември.

Во новата сезона ќе играат 20 екипи што ќе бидат поделени во две групи, а ждрепката е закажана за вторник, 7 септември.

Нов тим во Првата лига е Алкалоид, додека во споредба со минатата сезона, нема да настапува екипата на Делчево Вардар.