Слават нов трофеј во Купот: Келце без Душебаев го растури Тарнов

Ракометарите на Келце се израдуваат на нов трофеј во Купот на Полска, откако имаа лесна задача во финалето.

Иако без суспендираниот тренер Талант Душебаев, Келце славеше убедливо над Тарнов со 42-20.

Во отстуство на Душебаев, тимот го водеше неговиот асистент-играч, Кшиштоф Лијевски.

Ова е вкупно 17-ти трофеј за Келце во Купот на Полска, што ќе биде мала утеха за елиминацијата од Лигата на шампионите.