Полјаците скратија состав за ЕП – меѓу избраните се вардарците Чувара и Валчак

Селекторот на репрезентацијата на Полска, Патрик Ромбел се одлучи за составот што ќе ги продолжи подготовките за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

На списокот кај Ромбел се наоѓаат и двајцата членови на Вардар, Јан Чувара и Патрик Валчак. Ракометарите на Полска од 28 до 30 декември на пријателски турнир во Гдањск ќе играат против Тунис, Холандија и Јапонија.

По силниот турнир во Гдањск, Полска на 6 и 8 јануари ќе одигра пријателски средби со Јапонија, Шпанија и репрезентацијата на Иран. Завршните подготовки ќе бидат во полскиот град Плоцк.

Полска на Европското првенство 2022 за противници во Групата Д ги има селекциите на Германија, Австрија и Белорусија.