Полјаците го најавија СП 2023 – Ветераните заиграа голем ракомет (ФОТО)

Натпреварите на Светското првенство во 2023 година ќе се играт од 12 до 29 јануари во Полска и во Шведска, а еден од организаторитена несекојдневен начин одлучи да направи најава за ова натпреварување.

Полска ги активираше ветераните за да може да добие на популарност на шампионатот, но и да потсети како беше некогаш кога ракометарите играа голем ракомет на фудбалски терен на трева.

Големиот ракомет своите почетоци во Полска ги имал во 20-тите и 30-тите години на 20. век. Натпреварот се одигра во Сласк, а тоа било направено со причина.

На истиот стадион во 1962 година тимот на Сласк бил домаќин на натпревар на кој имало околу 60.000 гледачи.

Овој натпревар бил одигран против тимот на Магдебург и е запишан како рекорд во ракометот во Полска.

Мундијалот во 2023 година ќе се игра во шест други градови. Домаќини во Полска ќе бидат Гдањск, Лоџ, Вроцлав, Катовице, Гливице и Краков. Во Шведска ќе се игра во Стокхолм, Гетеборг и Малме.