Полска ги чека Валчак и Чувара на подготовки на 12 декември, а Вардар игра до 19 декември

Селекторот на машката репрезентација на Полска, Патрик Ромбел го објави поширокиот список на ракометари за првиот дел од подготовките за ЕП од 12 до 23 декември пред Божиќните празници.

На списокот од 24 ракометари се најдоа и двајцата членови на Вардар, Патрик Валчак и Јан Чувара. Очигледно, Ромбел е задоволен од нивните настапи на клупско ниво.

Сепак нејасно е како двајцата полски репрезентативци ќе се појават на подготовки ако се знае дека Вардар има натпревари до 19 декември во Суперлигата, а на 16 декември ќе се игра и големото дерби во Битола.

Иако Веселин Вујовиќ малку ги користи двајцата полски интернационалци во домашното првенство поради лимитот за странци, но добро е да се има на располагање цел играчки кадар во финишот на полусезоната.

Подготовките на репрезентацијата на Полска ќе финишираат со учество на пријателски турнир во Гдањск при крајот на декември. Тоа ќе биде последната проверка на Полска пред заминувањето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Избраниците на Патрик Ромбел за противници на Европското првенство 2022 ги имаат репрезентациите на Белорусија, Австрија и Германија во рамките од Групата Д.