Покрај четворица пелистерци, Татабања донесе уште две засилувања

Покрај претходно потврдените четири засилувања од Еурофарм Пелистер (Јосип Периќ, Матео Мараш, Мартон Секељ, Немања Обрадовиќ) тимот на Татабања денес објави дека се засилува со двајца репрезентативци на Унгарија, Топиќ Петар и Родригез Педро.

Десното крило со шпанско потекло пристигнува од тимот на Балатонфуред каде што настапуваше од 2019 година, претходно го носеше дресот на ПИК Сегенд. Унгарско државјанство доби во 2020 година и настапуваше на Светското првенство во Египет и Европското првенство на почетокот на оваа година.

„Татабања ја избрав затоа што е важно репрезентативците да играат во иста лига, па и тим, така се засилува и репрезентацијата. Освен тоа секако дека ми се допадна проектот кој ми беше претставен. Тимот кој и така е квалитетен, ќе добие уште неколку одлични играчи. Одлуката не беше леснаа добро се чувствував во сегашниот клуб и добро бев прифатен по доаѓањето од Сегед. Сепак, сметам дека е вистинско време за промена“, изјави Родригез.

Петар Топиќ исто така во Татабања доаѓа од Балалатофуред во кој настапуваше од 2017 година.

„Доаѓам тука затоа што го препознав амбициозниот проект. Татабања секогаш била во врвот на унгарскиот ракомет, се развиваат и сакаат да одат напред. Сакав да направам нов чекор во кариерата после пет години во Балатонфуред. Многу брзо по разговорот со Татабања ми стана јасно дека тоа е она што го барам“, изјави Хрватот со унгарски пасош.

Во кариерата Топиќ настапуваше и во Македонија во дресот на Пелистер и Металург.