Познат терминот кога Вардар би можел да ја брани титулата: СЕХА Ф4 од 4 до 6 септември

Завршниот турнир во регионалната СЕХА лига е планирано да се одржи од 4 до 6 септември, во хрватскиот град Задар.

Остануваат кон крајот на август да бидат одиграни двата реванш четвртфинални средби меѓу Веспрем и Војводина, како и оној меѓу Вардар и Нексе Нашице.

Раководството не СЕХА веројатно ќе ја потврди оваа информација на почетокот на месец јули, кога би требало да биде познат и календарот за новата сезона.

Доколку го мине Нексе, Вардар ќе има можност да ја брани титулата што ја освојува три години по ред.