Познат составот на Македонија – без Георгиевски против Мароко

Светската ракометна федерација ги објави составите на репрезентациите на Македонија и Мароко за пресметката во рамките на Президент Купот.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, се одлучи на овој натпревар од составот да го изостави десното крило Гоце Георгиевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко ќе стартува од 18:00 часот, а ќе се игра во „Орлен Арена“ во Плоцк.

Македонија: Томовски, Митревски, Костески, Манасков, Атанасијевиќ, Стојковиќ, Маркоски, Петров, Пешевски, Талески, Младеновиќ, Ѓоргиев, Кузмановски, Серафимов, Џонов, Савревски