Познати шеширите пред ждрепката – еве против кои селекции може да игра Македонија

Со одиграните натпревари од последното коло од квалификациите за Европското првенство 2022 година, комплетирана е листата на учесници, што ќе играат во Македонија, Словенија и Црна Гора.

По комплетирањето на учесниците, познати се и шеширите пред ждрепката што ќе се одржи на 28 април.

Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со Словенија, Хрватска и Германија, па сигурно нема да игра против нив во првата рунда. Нема да игра ниту против Црна Гора и Унгарија, кои се распределени како домаќини во Љубљана и Подгорица, а од противниците во втор шешир сигурно ќе игра против Холандија или Шведска.

шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
шешир 2: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

Група А (Љубљана) – Унгарија
Група Б (Целје) – Словенија
Група Ц (Скопје) – Македонија
Група Д (Подгорица) – Црна Гора

Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора ќе се игра од 4 до 20 ноември, а ждрепката за групите ќе биде на 28 април од 17:00 часот.