Познати четврт-финалните двојки – Лигата на Европа носи многу нови интересни дуели (ФОТО)

Познати се сите четврт-финални двојки во Лигата на Европа, а во борбата за место на завршниот турнир претстојат исклучително интересни и израмнети дуели. Во четврт-финалето се најдоа тимови од шест земји, а три екипи доаѓаат од Бундес лигата.

Можеби најпривлечен дуел според имињата ќе биде оној помеѓу Монпелје и Фуксе Берлин, но сигурно нема да биде помалку неивесно и на другите дуели. Исто така се очекува голема борба и на дуелот помеѓу Кристијанштад и Магдебург.

ЛИГА НА ЕВРОПА

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Монпелје – Фуксе Берлин

ГОГ – Висла Плоцк

Крситијанштад – Магдебург

Рајн Некар – Чеховски Медведи