Познати термините – Еурофарм Пелистер 2 и Вардар го отвораат Ф4 во купот

Во просториите на Ракометата федерација на Македонија денес беа извлечени двојките во Купот на Македонија во женска и машка конкуренција.

Веднаш по извлекувањето на паровите беше објавен и распоредот на натпреварите. Прво ќе се играат полуфиналните средби во машка конкуренција, па ден подоцна натпреварите ов женска конкуренција.

Фајнл-фор турнирот ќе биде отворен со средбата помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Вардар.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ

13.05.2022 17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961

13.05.2022 20:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

КУП НА МАКЕДОНИЈА  – ЖЕНИ

14.05.2022 14:00 часот ЖРК КУМАНОВО – ЖРК МЕТАЛУРГ

14.05.2022 17:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ЧАИР

Натпреварите ќе можат да се следат во живо на МРТ и на „YouTube“ каналот на РФМ.

Куп на Македонија: Вардар против Еурофарм Пелистер 2, Бутел на мегдан со Еурофарм Пелистер