ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ѓорче Петров без Дукоска, Велкова…по поволен резултат против КА Тор

Македонскиот шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров, денеска во Исланд ќе има европски предизвик и ќе се соочи со тимот на КА Тор.

Двомечот со овој тим од второто коло во Европскиот Куп ќе се игра на Исланд. Ѓорче Петров на денешниот натпревар ќе биде формално домаќин.

Тренерот на Ѓорче Петров, Симе Симовски за натпреварот против КА Тор ќе смета на 12 ракометарки, од кои две се голманки, па така нема да има многу опции во нападот.

Против исландскиот тим нема да настапат Теодора Дукоска, Ива Велкова, Анастасија Трпеска и Јана Грковска.

За разлика од македонскиот претставник, КА Тор ќе настапи со комплетен состав, односно со 16 ракометарки, па така ќе има поголема ротација во дуелот.

Денешниот натпревар ќе започне со почеток од 21:30 часот, а реванш натпреварот, кој е закажан за утре, ќе се одигра во истиот термин.