ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без Ојлески и Павле Атанасијевиќ ќе бркаат ТОП 16

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес против Мотор Запорожје ќе брка пласман во осминафиналето од Лига на Европа.

Битолчани со победа, но и со нерешен резултат ќе продолжат во следната фаза од Лига на Европа и ќе играат во осминафиналето.

Тренерот Ларс Валтер го одбра составот со кој ќе му се спротистави на незгодниот тим на Мотор Запорожје.

Од комбинација за денешниот дуел отпаднаа Гоце Ојлески и Павле Атанасијевиќ. Мотор Запорожје ќе настапи со најсилен состав и ќе се обиде да дојде до изненадување.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.