ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со истите 16 од претходниот дуел ќе брка пласман во полуфиналето

Кадетската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на ЕХФ шампионатот во Летонија.

По победата против Турција во првото коло, нашата репрезентација во второто коло за ривал ја има селекцијата на Косово, во натпревар од групата А. Со победа против Косово, репрезентацијата на Македонија ќе обезбеди пласман во полуфиналето.

Селекторот на Македонија, Раде Стојановиќ го одреди составот за денешниот натпревар. Ростерот е истиот што настапи и против Турција. Тоа значи дека за дуелот со Косово отпаднаа пивотот Александар Стојменов и левото крило Дамјан Субашевски.

Натпреварот започнува во 13:00 часот во „Олимписки центар“ во Рига, а судии ќе бидат Естонците Харгин и Макеев.