ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер со една промена против Кадетен – Граџан ин, Ојлески аут (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа.

Прв гостин во Битола ќе биде незгодниот швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, кој има една победа во оваа конкуренција над ГОГ Гудме.

Тренерот на „фармацевтите“ Жељко Бабиќ направи само една промена во ростерот во споредба со тимот што играше во Данска против ГОГ Гудме.

На местото на левото крило Гоце Ојлески во составот ќе биде пикерот Елмир Граџан, а од конкуренција отпаднаа левиот бек Дејан Кукуловски и десното крило Милан Ѓукиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен се игра вечерва од 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“, а ќе го судат руските арбитри Евгениј Зотин и Николај Володков.