ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер со една измена, Канељас на клупа како асистент (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер има само една измена во тимот во однос на минатата седмица и денеска на местото на Табоада кој остана во Македонија ќе игра Марио Танкоски.

Другите ракометари се истите како и на првата средба од сезоната во Лигата на Европа одиграна во Битола минатиот вторник.

Инаку, тимот на Кадетен Шафхаузен исто така не е комплетен. Во тимот го нема Жоан Канељас. Поранешниот вардарец е повреден, но тој ќе биде на клупата. На оваа средба Шпанецот ќе биде во улога на асистент.

Натпреварот се игра во ББЦ Арена во Шафхаузен со почеток во 18:45 часот.