ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Ојлески и Хенеберг против Фуксе, се враќа Суси

Европската ракометна федерација ги објави составите на Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер за вечерашната пресметка во Лигата на Европа.

Тренерот на битолчани, Ларс Валтер, за овој меч нема да смета на Гоце Ојлески и Себастијан Хенеберг, додека во тимот се враќа Мохамед Суси.

Во ростерот на германскиот тим ќе недостига левиот бек Ласе Андерсон.

Еурофарм Пелистер вечерва може да го потврди местото во осминафиналето, ако загубат Агуаш Санташ и Мотор Запорожје.

Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Макс Шмелинг Арена“ од 20:45 часот.