ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер и Бидасоа со по две промени, ќе падне ли шпанскиот тим во Битола?

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат шестиот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа.

Шпанскиот тим Бидасоа е третиот гостин во Битола оваа сезона, а нашиот тим ќе се обиде да се реваншира за високиот пораз во Ирун со 12 гола разлика, 32-20.

Стратегот Ларс Валтер направи две промени. Се враќа средниот бек Вилсон Дејвис, а во ростерот е и десното крило Никола Стоилевски, додека го нема Емилијан Ѓорговски.

Гостинскиот тренер Јакобо Куетара исто така направи две промени. Во ростерот нови имиња се голманот Јакуб Скржиниарж и десното крило Емперан Тао.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.