Познати составите: Вардар со Додиќ по победа против Загреб (ФОТО)

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб има клучна улога во обезбедувањето на пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, па затоа вечерва се очекува убав дуел во кој ќе има што да се види на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

За оваа средба тренерот Давид Дејвис повторно не може да смета на Анте Гаџа, но затоа има засилување во бековската линија во Стефан Додиќ. Ракометарот кој дојде од Охрид беше пријавен за настап и денеска ќе биде освежување во тимот.

Дејвис се одлучи за 16 ракометари со кои ќе се обиде да дојде до два бода. Инаку, во тимот ги нема и Мишевски, Карапалевски и Гогов.

Натпреварот почнува од 20:45 часот, а победникот ќе се најде поблизу до осминафиналето од Лигата на шампионите.