Познати се термините за дуелите на Металург и Еурофарм Пелистер во Лига на Европа

Европската ракометна федерација ги објави термините за заостанатите и за редовните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа.

Металург има за играње уште седум средби – три заостанати и четири редовни, додека битолчани имаат една заостаната и четири редовни средби.

Во првото коло од пролетниот дел, односно седмо по распоред од групната фаза, Металург дома го чека францускиот Тулуз, додека битолчани дома ќе играат на два пати против унгарската Татабања.

Уште две средби на Металург, домашната со Висла Плоцк и гостинската со Чеховски Медведи треба дополнително да добијат термин.

Распоред на натпревари, Лига на Европа:

Металург – Тулуз, 09 февруари, 18:45 часот
Татабања – Еурофарм Пелистер, 9 февруари, 20:45 часот
Еурофарм Пелистер – Татабања, 10 февруари, 17:00 часот
Висла Плоцк – Металург, 16 февруари, 18:45 часот
Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме, 16 февруари, 20:45 часот
Металург – Чеховски Медведи, 20 февруари, 18:00 часот
Еурофарм Пелистер – Рајн Некар Левен, 23 февруари, 18:45 часот
Фиверс – Металург, 23 февруари, 20:45 часот
Металург – Адемар Леон, 2 март, 18:45 часот
Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер, 2 март, 20:45 часот
Металург – Висла Плоцк ?
Чеховски Медведи – Металург ?