Познати саатниците – Еурофарм Пелистер тргнува со Ним во централен вечерен термин

Европската ракометна федерација ги објави комплетните термини и саатници за натпреварите од прво до шесто коло во Лигата на Европа.

Единствен македонски претставник во ова натпреварување е Еурофарм Пелистер, кој се наоѓа во групата Д.

Битолчани ќе отворат на домашен терен против францускиот Ним во централниот вечерен термин од 20:45 часот.

Потоа следуваат две врзани гостувања во Атина и Шафхаузен, пред домашниот меч со Татабања, па уште две средби со Спортинг Лисабон.

Распоред на натпревари:

19.10.2021, 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Ним
26.10.2021, 18:45 часот, Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
16.11.2021, 18:45 часот, АЕК Атина – Еурофарм Пелистер
23.11.2021, 18:45 часот, Еурофарм Пелистер – Татабања
30.11.2021, 20:45 часот, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
07.12.2021, 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

15.02.2022 Ним – Еурофарм Пелистер
22.02.2022 Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
01.03.2022 Татабања – Еурофарм Пелистер
08.03.2022 Еурофарм Пелистер – АЕК Атина