ПОЗНАТИТЕ СОСТАВИТЕ: Тимот што победува – не се менува (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат вториот натпревар од Лигата на Европа против унгарската Татабања.

По вчерашниот триумф со 21-19, стратегот Жељко Бабиќ реши да не прави измени во составот на битолската екипа.

Надвор од ростерот, исто како вчера, и денеска ќе бидат Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Милан Ѓукиќ и Благојче Трајкоски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања се игра денеска во „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:00 часот.