Подмладениот Младост Богданци ги „запали“ моторите за новата сезона!

Ракометарите на Младост од Богданци го започнаа припремниот период за претстојната натпреварувачка сезона во Првата лига подмладени како никогаш досега, каде во првиот тим приклучени се и дел од пионерите на клубот, па така во новата сезона водечка сила на Младост ќе бидат младите.

Одработени беа и првите тренинзи на стадионот ,,Вардарски”, кои се одвиваат по двапати на ден, со цел подобрување на физичката подготвеност на ракометарите за претстојната сезона.

На првата прозивка се појавија и новите засилувања, голманот Благој Панов и десниот бек Давид Иванов. Поради репрезентативен настап со Македонија на ЕХФ шампионатот за кадети во Рига, првата фаза од подготовките ќе ја пропушти Антонио Николоски.

Младост ќе одигра неколку контролни натпревари против суперлигашите Радовиш и Вардар Неготино, како и против прволигашот Астраион од Струмица. Пред стартот на Првата лига, клубот ќе го организира меморијалниот турнир „Томе и Гоце“.